ВИКТОРИА ЛОБА СО ПРВ СТУДИСКИ АЛБУМ – “НОВ СВЕТ”!

Популарната поп пејачка Викторија Лоба ги покани своите фанови на промоцијата на нејзиниот прв студиски албум која ќе се одржи во ресторан FOUR во понеделник во 19 часот.

Викторија Лоба е родена во Таганрог, Ростов, Русија на 17 октомври 1988 година. На свои 8 години, со семејството се преселува во Скопје. Таа се појави на музичка сцена и ТВ станиците во Македонија уште од најмалата возраст. Во музичките кругови влегува во 2003 година кога ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во дует со Марија Арсова и песната „Ти не ме познаваш“ каде завршија на 12то место.

Првата сениорска награда и е Златна диплома за естраден пејач во група на Меѓународниот фестивал “Роза на ветрови” (Роза Ветров), кој се одржа во Москва-Русија.

Добитник е на повеќе награди како “Златна Бубамара” на популарноста за “Откритие на годината”, втора награда на “Охрид Фест”, најдобар настап на “Макфест” и тн.

Викторија кратко беше фронтмен и пејач на македонската група “Тумбао салса бенд”.

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *