Време е за ручек, еве еден брз рецепт!

Што да се готви денес, најголемата дилема на домаќинките и домаќините. Еве предлог за денес.

ПЕЧЕН КОМПИР СО ПРАЗ И МАСЛИНКИ

Потребни состојки за подготовка:

  • 1 страк праз
  • 300гр. маслинки
  • 800гр. компир (варен)
  • 2 јајца
  • 400гр. урда
  • 100мл. јогурт
  • 10гр. кашкавал
  • сол и бибер по Ваша желба

Исецканиот праз се става во тава да се пржи додека да омекне. Претходно оладениот варен компир се ренда во длабок сад и се меша со урдата. Ги додаваме и исецканите маслинки и празот. Додадете сол и бибер по Ваш вкус и размешајте. Јајцето се мати заедно со јогуртот и се додава во смесата со компири.
Подмачкајте ја тавата во која ќе се пече смесата, истурете ја и израмнете ја.Кашкавалот изрендајте го одозгора.
Тавата се става во претходно загреана рерна и се пече на околу 200С 15на минути (додека да се запечат убаво јајцата и нормално кашкавалот да се растопи целосно.

Ова јадење е за 3 до 4 лица, времето за подготовка е околу 30на минути.
Пријатен апетит.

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *