Второ издание на Меѓународниот театарски фестивал “Отело” започнува утре!

Меѓународниот театарски фестивал “Отело” во Гостивар ќе започне утре и тоа ќе биде негово второ издание.

Фестивалот ќе се одржи во центарот за култура “АСНОМ” во наредните пет вечери и ќе бидат изведени пет претстави на албански јазик.

Првата вечер (05 ноември) ќе започне со претставата “Самоубиец” на авторот Николај Ерман, национален театар – Тирана.

Втора вечер (06 ноември) следува претставата “Оние кои бегаат” на авторот Куштрим Бектеши, театар “Беким Фехмиу” – Призрен.

Трета вечер (07 ноември) претставата “Оскарот и тетка Роза” на авторот Ерик Шмит, во изведба на Театарот на регионот Скадар – Кукес.

Четврта вечер (08 ноември) продолжува со претставата “Жени” на авторот Роберт Томас, Албански театар – Скопје.

Завршната вечер (09 ноември) на сцената во центарот за култура ќе се изведе претставата “Холишит” на авторот Илир Бокши, подготвена од ААБ Фарук Беголи – Приштина.

Овој фестивал ќе биде од натпреварувачки карактер каде стручно жири че ги одреди и додели наградите за: најдобар актер, најдобра актерка, најдобар режисер и најдобра претстава. Претставите ќе започнуваат во 19:00 часот во Центарот за култура – Гостивар.

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *