Гечевски и Антиќ донираа кошаркарска опрема за локалниот кошаркарски клуб во Пробиштип

Легендите Тодор Гечевски и Перо Антиќ вчера им донираа кошаркарска опрема на кошаркарскиот клуб Пробаскет од Пробиштип. Со оваа донација тие директно помогнаа за подобрување на условите за тренинг и натпреварување на клубот од истокот.

Антиќ и Гечевски беа примени од градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов, а потоа  се дружеа со најмладите кошаркари чија среќа беше неизмерна.

Ваквата донација е од огромно значење за локалниот клуб. Младите кошаркари од Пробиштип нема никогаш да ја заборават средбата со нивните идоли.

 

фото: Општина Пробиштип

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *