Овогодинешното издание на “Cinedays” ќе биде насловено: „Збогати се преку ноќ“. Меѓународниот фестивал започнува вечерва во Младинскиот културен центар.
Мотото на фестивалот е инспирирано од тоа што за многу краток период во Скопје се отворени многу обложувачници, па овие десет филмски дена препорачуваат духовно збогатување наместо материјално.
Ќе бидат прикажани над 100 филма, а во официјална селекција е и „Сине Балкан“ на Бернд Будер.
„Филмовите повторно доаѓаат без тема, но покажуваат колку е разновидна европската кинематографија, колку е заводлива, имагинативна и прецизна. Од победници на Берлинале, до хитови на регионални фестивали одново и одново се преминуваат граници, во артистичка и буквална смисла“, кажува Будер за филмовите кои беа селектирани.
Фестивалот ќе трае до 18ти Ноември, а билети може да се купат онлајн на bileti.mkc.mk, како и на билетарниците на МКЦ и кино „Милениум“.
Повеќе за фестивалот на cinedays.mk