ЗОШТО KuponGo И КАКО ФУНКЦИОНИРА!

 

У.В. : Кои се KuponGo?

  •      Па, ние сме среќни луѓе кои на забавен начин сакаат да воведат нов интересен начин на купување, а притоа грижејќи се да не се плаќа целосната цена. Секој додаваше идеи за како да воведеме ведрина на начин да направиме спој на моментално најактуелните алатки со кои луѓето се релаксираат, а тоа се интернетот и шопингот! Луѓето сакаат нови идеи, жедни се за олеснување на секојдневните потреби, а притоа да добиваат и бенефити.  

У.В. : За кого KuponGo е УБАВА ВЕСТ?

  • Сметаме дека важиме за општина каде инфраструктурата е во голем подем, па така, одлучивме да додаме малце шмек и свежина додека луѓето ги задоволуваат своите потреби. Стоиме на располагање на потрошувачите, за нивното купување да биде забавно, лесно, едноставно и евтино.  Решивме да ги пробиеме стериотипите и скептицимот за онлајн купување и овозможиме слобода и комфорт додека ги користите зделките на нашата платформа. Трговците се задоволни бидејќи се пласираат на најголемата платформа локално и придобиваат нови клиенти кои исто така се задоволни бидејќи добиваат попусти. Статистиката вели дека во нашиот регион онлајн купувањето за една година се има зголемено за 9 пати! Колку е само тоа импресивно. Овој податок дополнително не мотивира неуморно да работиме и да ја бараме најдобрата цена без разлика каде е.

У.В. : Зошто KuponGo?

  • Износот на пари што го заштедувате со купоните за попуст можеби не е нешто за кое може да се зборува и  на прв поглед изледа површно. Но вистината е поинаква. Откако ќе го искористите купонот, потрошувачите имаат тенденција да ја заборават заштедата. За да разберете колку имате корист од купоните, треба да ги следите заштедите. Со тоа може да планирате и да заштедите уште повеќе.  Импозантен е фактот дека 96% од потрошувачи пазаруваат со купони и статистички нивната заштеда се движи од 300-500 евра годишно ако мудро ги користите купоните. Луѓето кои не пазаруваат користејќи ги купоните се среќаваат со недоволна информираност и најчесто не се охрабруваат на овој чекор. Нашиот мотив е да обезбедиме безбедно место за трошење на вашите пари и едноставност на начин што нашите зделки и купони функционираат 100% цело време онлајн!Купоните може да ги чувате во вашиот мобилен телефон откако ќе ги купите. Можете дури и да купите купон додека сте во продавница.

У.В. : Како функционира KuponGo?

  • Принципот е многу едноставен. Ја пребарувате нашата страна www.kupongo.mk каде имате пристап  до најатрактивните зделки во градот. Се најавувате се со цел вашите купување да бидат регистрирани и да имате увид и организација за вашето трошење на пари и вашата заштеда! Откако ќе ги разгледате сите предности и ќе се одлучите за вашиот нов прозивод во вашиот дом, ново парче облека или услуга својствено на вашата потреба, кликнувајќи во кошничка, вашиот производ или купон е спремен за наплата, а вие можете да продолжите со наредно купување. Откако ќе завршите, кликнувајќи на кошничката имате увид на вкупната цена и можност доколку сте се предомислиле да избришете одредена нарачка. Откако ќе си ја ажурирате вашата кошничка продолжувате кон плаќање на истата. Ги пополнувате полињата со вашите лични податоци кои се употребени во случаите наведени во нашата политика за приватност и го извршувате вашето плаќање онлајн со картичка. Вашиот KuponGo код веднаш ќе ја добиете по завршувањето на плаќањето, а ќе го добиете и на маил адресата и истиот е спремен за искористување.

У.В. : Дали KuponGo ќе го уживаат граѓаните низ целата држава?

  • Примарна цел е да се постави успешно инфраструктурата во Струмица, па потоа низ сите други градови. Постоиме за да придонесеме лесен пристап на купувачите до трговците, win-winwin ситуација за секој и креирање на неверојатни заедници во процесот преку нашето економско влијание. Достапни сме 24/7 за прашања и подршка и расположени сме за соработка од секаков карактер.  Го цениме вашето мислење – секоја критика е добредојдена и секоја идеја е вредна да се разгледа.

 

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *