КАКО ФУДБАЛЕРИТЕ НА ИЗРАЕЛ ГИ ОСВОИЈА СРЦАТА НА НАВИВАЧИТЕ ШИРУМ СВЕТОТ!

Фудбалерите на Израел синоќа во Глазгов загубија од домаќинот Шкотска со 2-3, но ги освоија срцата на навивачите ширум светот.

За време на интонирањето на националната химна на Израел, фудбалерите ги соблекоа своите јакни и со нив ги „покрија” децата кои стоеја пред нив.
Во таа ладна ноќ во Глазгов, дуваше силен ветар, а температурата беше доста ниска, скоро на „нулата”, а децата почнаа да се тресат од студ.
Кога го забележаа тоа фудбалерите на Израел, еден по еден ги соблекуваа своите горни делови од униформата за да ги заштитат, веројатно, идните фудбалери.
Потег за секоја пофалба, секоја чест Израелци!

sportmedia.mk

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *