Кактусот, омилено домашно растение!

Кактусите се многу повеќе од нивните боцки. Тие се прекрасни домашни растенија кои освен што го красат домот, шират позитивна енергија.

Kактусите, за разлика од другите растенија, листовите им се преобразени во мали творби од кои се развиваат помали или поголеми трње, боцки, влакненца и сл. На тој начин се намалува транспирацијата и кактусите можат да живеат во жешки и сушни предели. Стеблото кај кактусите е задебелено, зелено, обвиткано со кожеста кутикула, која е обложена со восочна обвивка.

Љубителите на кактусите треба да знаат дека основни услови за одгледување на овие растенија се: топлина, количина на светлина, состав на земјата (супстрат) и режим на полевање.
Дали се неуништливи? Не, доколку сте убиле кактус не сте единствени. Најчест убиец на кактусите е честото наводнување, во топлите периоди доволно е еднаш неделно да се наводнуваат, во ладните периоди еднаш месечно е сосема доволно.
Кактусите сакаат топлина, но најголем дел од нив сепак сакаат благо засенување. Бидејќи им годи престојот на отворен простор, во текот на летото ги изнесуваме надвор, притоа обезбедуваме заштита од дожд, бидејќи поројните дождови можат да го исфрлат супстратот од саксијата. Од друга страна, долготрајните дождови и летните заладувања кои траат повеќе денови, можат штетно да делуваат на нив.

Постојат повеќе од 1.500 видови кактуси.
Кактусите одгледувани во затворени простории можат да живеат 10 или повеќе години.

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *