МАКЕДОНСКИОТ УМЕТНИК ЗОРАН КАРДУЛА ГИ НАСЛИКА СПОМЕНИЦИТЕ ОД НОБ НА ПЛАКАТИ ОД ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ! (ВИДЕО+ФОТО)

Зоран Кардула е роден во 1967 година во Крушево во влашко семејство. Тој е дипломиран електроинженер кој со графички дизајн се занимава од 2000тата па навака, работи како дизајнер во агенцијата „Публицис“ од Скопје, а паралелно е посветен и на сликарство и тоа од почетокот на 90тите години на 20 век. Досега учествувал на различни конкурси, меѓу кои на конкурс за дизајн на накит за „Swarovski“ и „INYO“, каде бил и финалист. Во ноември 2017 година имал изложба на постери на тема „Soviet Neo-Constructivist Propaganda“ во Минеаполис, САД. Во јануари 2018 година во Рим ја претставил „Изложба без жири“, поставка на 40 негови дела кои биле редизајн на симболите кои ја одбележале социјалистичката ера на поранешна Југославија. Изложбата била дел од настанот насловен Мондо екс, омаж на големиот eвропски интелектуалец Предраг Матвејевиќ, по повод една година од неговата смрт. Во 2017 година издал и книга, „Гуш и Бац”, која била создадена од зборовите на неговата аутистична ќерка Ерато. Книгата содржи измислени 47 зборови на Ерато, преведени на 19 јазици, како и 47 илустрации на нејзините зборови создадени од 33 креативци.

Во продолжение погледнете ги неговите споменати дела:


Целосната вест може да ја прочитате на : boredpanda.com

 

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *