ПРЕТСТАВАТА “ОЛИВЕР ТВИСТ” ЌЕ СЕ ИЗВЕДЕ ВО “ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ”

Претставата „Оливер Твист“ на 10 јануари (четврток) од 19 часот се игра во Театарот за деца и младинци.

Работена е според истоимениот роман на Чарлс Дикенс, кој е лектира во основното образование.

„Извонредната драматизација на добро познатата приказна, овојпат во стихови од страна на режисерот Срѓан Јаникијевиќ, им нуди на децата една сосема несекојдневна, нетипична и досега невидена детска претстава на нашата сцена. Жанрот на претставата е оперета“, стои во најавата за претставата.

Детето Оливер, филигрански одиграно од големата актерска надеж на овој театар Бојан Кирковски, е жртва на застарените општествени норми, според кои дете што е зачнато и родено вон брак е срам за целата фамилија. Заради непопустливоста на неговиот дедо по мајка, Оливер Твист израснува во сиропиталиште.

Оливер Твист е една од најбараните и најпосетуваните претстави кај децата над 8-годишна возраст.

Во претставата играат: Бојан Кирковки, Трајче Ѓорѓиев, Драган Довлев, Наташа Петровиќ, Мартин Јорданоски, Мики Анчевски, Изабела Новотни, Симона Спировска, Ненад Митевски.

Дизајн на сцена и костими е на Кирил Василев, а за музиката е задолжен Игор Василев.

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *