СИНОТ НА МИХАЕЛ ШУМАХЕР ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ФОРМУЛА 2 !

Синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик Шумахер направи значаен чекор напред во својата кариера. Тој од идната сезона ќе биде дел од Формула 2 серијата.

Мик оваа сезона ја освои титулата во Формула 3, што беше доволен показател дека е подготвен да се качи едно скалило погоре, а се чини дека набрзо ќе биде дел и од Формула 1. 19-годишниот возач и во наредната сезона ќе ја продолжи соработката со Према рејсинг тимот.

„Многу сум среќен што ќе соработувам со Према рејсинг и во Формула 2. Тоа е логичен спортски потег, зашто сакам уште повеќе да напредувам во возачката кариера, а и да стекнам уште поголемо искуство“, изјави Мик.

Последната сезона Мик Шумахер до титулата во Формула 3 стигна со осум победи, а вкупно 14 пати беше на победничкиот пиедестал.

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *