СКОК НА ЛИНА ЃОРЧЕСКА ЗА 62 МЕСТА НА ВТА!

Лина Ѓорческа полека, но сигурно се враќа на турнирите и бележи успешни резултати и со тоа го подбрува рангот на ВТА листата. Повредата (од септември минатата година) и влијаеше со повеќе месечна пауза и тоа резултираше со пад на ранг листата.

Ѓорческа на денешната објавена листа се наоѓа на 424 место со 85 поени и има напредок за 62 места. Овие поени таа ги има освоено на 11 турнири. Растот го бележи откако и беа впишани 18-те поени од полуфиналето од фјучерс турнирот во Истанбул (награден фонд 25.000 долари) претходната недела, а на следното рангирање ќе треба да има уште еден поен за настапот во квалификациите на ВТА Челинџот што денес почнува во Лимож (награден фонд 125.000 долари).

Нашата тенисерка најдобриот ранг го имаше на 12 јуни 2017 година кога беше рангирана на 170 место.

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *