СОЛАРНИТЕ ПАНЕЛИ СЕ РАЗМРДАА!

Тинејџерката Џорџија Хачинсон неодамна си постави едноставен експеримент: Ако соларните панели се способни да го следат Сонцето во секое време, тогаш тие ќе генерираат многу поголемо количество на електрична енергија. Колку повеќе генерираат електрична енергија – толку повеќе ќе бидат исплатливи и ќе ги намалат трошоците за ваквите скапи инвестиции.

Повеќето соларни панели се креирани така да бидат фиксирани во една позиција. Постојат и такви кои го следат Сонцето на еден начин, а тоа е вртејќи се по само две креирани и замислени линии, но тие се прескапи.

За да ја максимизира изложеноста на соларните панели спрема Сонцето, девојчето ја зема за основа математичкиот постулат кој е поставен од Националната администрација за океани и атмосфери (NOAA).Таа теорија се базира врз користење на локацијата на една личност преку која ќе прикаже каде ќе се појави Сонцето на небото во даден момент. Таа ја искористува теоријата за да инсталира програма за соларен панел кој го следи Сонцето каде и да се наоѓа во било кој момент. Со тоа таа ги тестира резултатите од тоа колку сончева енергија ќе прима овој соларен панел во споредба со соларните панели кои се фиксирани во едно место. Резултатите се неверојатни. Во нормални сончеви денови, мобилните соларни панели генерираат 40 проценти повеќе сончева енергија отколку фиксираните соларни панели.

Инспирацијата на Џорџија за ваквата идеја е многу интересна. Нејзиниот вујко инвестира во соларни панели пред една година и по неговите планови тој би требало да има целосно бесплатна електрична енергија после 20 години. Таа си вели во себе: “Зошто за 20 години кога тоа би можело и побрзо? Само ако панелите ја следат сончевата краекторија цело време.”

За ваквата иновација, седмооделенката е наградена со 25.000 долари за натпреварот по наука кој се оддржува за основните училишта на ниво на САД. Пријавени биле повеќе од 2500 ученици. Овие деца се позитивен пример на нивните професори, ментори и родители за тоа како треба да се мотивира и развива еден ученик со идеи кои би го промениле светот на подобро и би го направиле полесно и поубаво место за живеење.

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *