СТРУМИЧАНКАТА ЕЛЕНА НАЈДЕНОВСКА СО НОВО НАУЧНО ОТКРИТИЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА!

Елена е родена во 1987 во Струмица каде завршува основно образование и гимназија. Подоцна студираа на електро-техничкиот факултет на Федералниот Технички Универзитет во Лозана, Швајцарија каде што и магистрира во 2012 со специјализација во процесирање на сигнали.

Неодамна докторира на факултетот за биологија и медицина на Лозанскиот Универзитет во доменот на науките за живиот свет и во соработка со универзитетската болница во Лозана. За време на докторските студии го конструира долуспоменатиот алгоритам за автоматско сегментирање на јадрените анатомаски групи на таламусот кој веќе е применуван во нови истражувања поврзани со невродегеративните нарушувања во движењето како и шизофренијата.

Убави вести направија кратко интервју со неа во која таа ни опиша за што точно станува збор.

У.В. За какво научно откритие станува збор?

Е.Н. : “Трудот претставува нов (таканаречен) атлас на анатомските делови на човечкиот таламус.
Всушност, таламусот е централен мозочен дел со комплексна архитектура кој ги регулира моторните и сензоријалните импусли спроведувани преку белата материја. Секое од таламичните јадра е поврзано со различен дел од кортексот и на тој начин секое од нив е вклучено во специфична невролошка функција и е важно при оштетување на истата”.

У.В. Какво значење има ова откритие?

Е.Н. : “Од тие причини, автоматското издвојување на анатомските делови на таламусот е од особено значење во бројни невродегеренативни истаржувања и клинички терапии. Поради сложената природа на таламусот, но и недостатокот на контраст за диференцирање на неговите јадра, особено изразен кај класичните медицински слики, досегaшната научна литература е сиромашна со предложени методологии за автоматска таламична поделба”.

У.В. Дали овој метод може веќе да се примени?

Е.Н. : “Неодамна објавивме метод кој на автоматски и робустен начин издвојува седум групи на таламични јадра базирајќи се врз информации од сликите направени со магнетна резонанца кои ја карактеризираат дифузијата на водните молекули во ткивата (Najdenovska et al. Brain Structure and Function 2017). Но, во отсуство на ваков вид на слики методот не може да биде применет”.

“Оттука се роди и идејата за изработка на таламичен атлас со која приложуваме алтернативен начин на сегментација што би можел да се примени и тогаш кога располагаме само со основните слики направени со магнетната резонанца”.

“Атласот е тродимензионален и конструиран од релативно голема група на слики снимени од здрави волунтери и сегментирани со претходно предложениот метод, овозможувајќи интегрирање на морфолошката варијабилност меѓу субјектите и иста веродостојност на резултатите“.

 

Трудот е објавен и целосно објаснет на https://www.nature.com/articles/sdata2018270#f2.

 

 

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *