СТРУМИЧКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА СО ИЗЛОЖБА ВО КИЧЕВО!

Во изложбениот салон од Центарот за култура во Кичево вечерва ќе биде отворена изложба на дела од 55-та Меѓународна струмичка ликовна колонија, една од најреномираните и најстарите во земјава. На изложбата ќе бидат претставени 25 дела од кои 23 слики и 2 мозаика.

-Ќе биде отворена изложба на дела создадени на годинешното 55-то издание на Меѓународната струмичка ликовна колонија, една од најстарите и најреномираните во земјава. На изложбата ќе бидат претставени 25 дела од голем број автори од земјава и странство, од кои 23 слики и 2 мозаика. Во изминатите 55 години на Струмичката ликовна колонија се создадени над 2.200 дела, слики, скулптури, мозаици и графики, а на истата имаат учествувано над 800 уметници, сликари и вајари од сите континенти. Отворањето на изложбата ќе биде во 19.30 часот и ова е убава можност љубителите на уметноста од нашиот град, да уживаат во умешноста на мајсторите на четката и бојата – информираат од Центарот за култура во Кичево.

Веста е преземена од Нова Македонија.

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *