УБАВИ ВЕСТИ СО “ДУПЕР”! (ИНТЕРВЈУ)

Овие дечки се тотално НАШ ТИП, тие ИМААТ ТЕЛА ЗА НА ТЕЛЕВИЗИЈА и одлично се снаоѓаат со тоа. “Не сум твојт тип” и “Тело за на TV” песните кои се најдоа на македонската топ листа и имаат одлична слушаност. “ДУПЕР” се нашите нови супер дечки.

УВ: Вие сте едно ново прекрасно освежување за македонската сцена. Кој се Дупер, да ја запознаеме македонската публика малку повеќе?

Дупер се тројца млади, пред сè другари, кои сакаат да создаваат.

УВ: Како започна Дупер дружбата,чија беше идејата? Кој беше најголемиот оптимист за дали Дупер ќе успеат?

Неофицијално свириме од јануари, 2017 година, а претходно кој со кого се дружеше надвор од Дупер. Идејата за бендот постоеше отсекогаш, само работите станаа многу посериозни на почетокот на оваа година. Веројатно најголем оптимист за „успехот“ е Борис, иако сите сме многу оптимистични. Секој од нас верува во ова 100% и исто толку вложен во него.

УВ: Кој Ви е најголема поддршка во работата, кој Ви е муза која Ве инспирира?

Самите сме си најголема поддршка. Постојано сами да се креваме во облаци и сами да се симнуваме на земја. Исто така, мораме да имаме огромна поддршка од семејствата и пријателите, на кои што сме им неизмерно благодарни. 

УВ: Кој е Вашиот најдраг критичар кој секогаш прв Ви ги прегледува делата?

Секој е добар критичар, но најдобар е оној кој што не се занимава со музика. Тој е едноставно препуштен на моментот. Реакцијата негова не може да излаже, или му се допаѓа делото или не. Немаме некој што е секогаш прв.

УВ: Со која македонска музичка ѕвезда би сакале Дупер да соработуваат во иднина?

Нека биде изненадување.

УВ: На што работат Дупер во моментот?

Во моментов работиме буквално на сè, почнувајќи од песна, спот, албум, па сè до поставеност на сцена, облека, светла, проби, односи со јавност итн.
Бидете спремни!

УВ: Дали Дупер сакаат да читат Убави Вести? Кои вести Ве радуваат најмногу?

Кој не сака убави вести? Освен нашите, нè радуваат и туѓи успеси и среќни моменти.

УВ: Што ќе им порачаат Дупер на читателите на Убави Вести МК?

Не се оптоварувајте со лошите вести. Бидете ведри, среќни и оптимистични. La vita è bella!

 

фото: Томи Акимовски.

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *