ШЕСТО ИЗДАНИЕ НА ДЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ – “СОНОТ НА ОБЛАЧЕТО”!

Детскиот фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“ годинава ќе го доживее своето 6. издание во периодот од 17 до 19 декември на сцената Фросина во просториите на Младинскиот културен центар во Скопје.

16 ДЕКЕМВРИ-НЕДЕЛА

12:00 Работилница со Театар “Сенки и облаци” и Доротеј Нешовски 🇲🇰️
2часa / 6+ год
Детски креативен центар МКЦ
Ќе изработуваме кукли за театар на сенки, ќе создаваме визуелни игри и ќе ги проектираме на платно.

17 ДЕКЕМВРИ-ПОНЕДЕЛНИК

19:30 КРАЛОТ ЖАБА И ДРУГИ ЉУБОВНИ ПРИКАЗНИ Anna Fabulli 🇩🇪️
40мин / 3+ год / без текст
Сцена Фросина
“Дали некогаш си бакнала жаба?
Жаба?! Бљак! Попрво би бакнала глушец отколку жаба!
Глушец?! Хмм… “
А вие кој би бакнале?

19:30 Изложба на рачно изработени лампи
Фоаје на Сцена Фросина

18 ДЕКЕМВРИ-ВТОРНИК

18:00 Работилница со Marie Donath 🇩🇪️
1час / 6+ год / англиски / македонски
Горно фоаје
Ќе изработуваме картонски кукли за театар на сенки кои ќе ги оживееме со помош на неколку трикови.

19:30 АЛИСА И ЧУДАТА Театар “Сенки и облаци” 🇲🇰️
19:30 / 35мин / 9+ год
Сцена Фросина
Зарем се случуваат толку многу нешта, а ништо не се менува?
Бркотници дупки, збунки, сирени, кули од карти и стрелки… И тоа се’ во исто време!
Пред малку беше точно 6 часот. А сега колку е?
Пак 6! Засекогаш 6… ♠️♥️♦️♣️

19 ДЕКЕМВРИ-СРЕДА

18:00 НОДВА Small World Theater 🇬🇧️
5мин / англиски
Сцена Фросина
Анимиран филм создаден од бегалски приказни и вистински цртежи направени за време на патувањата, нивните гласови и музика со традиционални ритми.
Овие цртежи станаа кукли за игра со сенки изведени од група бегалци и “Small World Theatre”.

18:05 СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА Студио “Абстракт”🇲🇰️
25мин / 3+ год
Сцена Фросина
Секој ја знае приказната за Снежана и седумте џуџиња но никој не знае како танцуваат тие!
Танцова претстава со сенки од тела.

19:30 ПТИЦИ Marie Donath 🇩🇪️
40мин / 6+ год / англиски
Сцена Фросина
Дали сте подготвени да избегате од гужвите и бучавата во градот?
Една жена со нејзиниот куфер полн светлина и сенки, со јато птици ќе ве поведат на патување во светот на Аристофан.

Билети 150 денари на билетарница на МКЦ и online на bileti.mkc.mk
Информации на 079 296 057 / shadowsandclouds.theater@gmail.com

Организатор: Театар “Сенки и облаци”

Графички дизајн: Матеја Николиќ

Благодарност до сите наши пријатели кои помогнаа овој сон да се оствари!

УЖИВАЈТЕ ВО МАГИЈАТА НА СЕНКИТЕ

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *