10 ЗЛАТНИ И 9 СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ ОД СВЕТСКИОТ УЧЕНИЧКИ КУП ЗА СОУ ЈАНЕ САНДАНСКИ – СТРУМИЦА

Вкупно 10 златни и 9 сребрени медали освоија тимовите на СОУ ЈАНЕ САНДАНСКИ на финалната рунда од Светскиот ученички куп кој се одржа во Њујорк. Осуммината ученици под менторство на професорките Верица Јанкова, Виолета Николова и Катерина Калева Ташева успешно го претставија училиштето и Македонија со своите успеси.

Исто така, потпишан е и договор за соработка според кој локална рунда веќе секоја година ќе се одржува во Струмица. Првата се одржа оваа година во април со учество на околу 400 ученици од Македонија и регионот, а преку неа, нашите тимови од Струмица стигнаа на финалната рунда во Њујорк, САД.

Претходно, полуфиналната рунда на Светскиот ученички куп во Барселона заврши успешно за 26-те ученици кои го претставуваа училиштето на натпреварот. Тие успееја да освојат 28 златни и 27 сребрени медали и да квалификуваат три тимови за финалето во Њујорк.

Освен познавањето на англискиот јазик, учениците овде се натпреваруваат во областите на тимски дебати, пишување, познавање на информации од општа култура и слично.

Лани, тимот на ученици од СОУ „Јане Сандански“ кој учествуваше на финалниот натпревар по англиски јазик на Светскиот ученички куп се врати во Струмица со освоени 4 златни медали.

извор:jsandanski-strumica.edu.mk

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *