Утре во Македонската Опера и Балет со почеток во 20 часот ќе се одржи свечен концерт по повод 100 години од раѓањето на македонскиот доајен на народното песнопојство.
Кавадарчанецот во својата кариера снимил над 500 песни, а освен што пеел тој свирил и на тамбура. Одржал повеќе концерти во Македонија и со неговиот оркестар многупати го обиколил светот со настапи.