2BE ДЕБИТИРА СО “100 ПЕСНИ” НА МАКЕДОНСКАТА СЦЕНА! (ВИДЕО)

Скопскиот поп-рок бенд 2Be дебитира на македонската музичка сцена со “100 песни”. Комплетен автор на нивниот прв сингл е Ѓорги Крстевски и неговата продукција “KM Entertairment”.

Спотот за песната е снимен со техниката “ОNE TAKE” и е меѓу првите такви видео записи во Македонија.

“Веќе подолго време работиме на наша авторска музика, но не беше тешко да одлучиме дека првата песна ќе ја довериме на докажаниот автор Ѓорги Крстевски”, велат од 2Be.

Изминатите две години 2Be активно настапува низ Македонија и заедно со Александра Јанева ги реализираа преработките од проектот #summerjam.

Триото 2Be го сочинуваат:
Љупче Стојановски – вокал и гитара
Тино Стојановски – гитара
Синиша Зукиќ – тапани и кахон.

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *