JAZZNA JAAZ QUARTET СО КОНЦЕРТ ВО КАВАДАРЦИ!

Со почеток од 20 часот во Домот на културата ,,Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци официјално ќе биде затворена традиционалната манифестација ,,Кавадаречка културна есен 2018“.Манифестацијата донесе четириесетина културни и уметнички настани, исклучително добро посетени и тоа театарски претстави (премиери и гостувачки) концерти на блуз, џез и класична музика, ликовни и фотографски изложби, промоции на книги и др.

,,Кавадаречка културна есен 2018“ официјално ќе биде затворена со целевечерен џез-концерт на Jazzna Jaaz Quartet, џез-бенд составен од искусни музичари од повеќе градови во Македонија.
Што се однесува до останатите настани во Домот на културата ,,Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, тие ќе се одвиваат секојдневно до крајот на годината. Следува детската новогодишна претстава на Театарот при Дом на култура ,,Иван Мазов – Климе“, Театар на сенки ,,Рибарот и златната рипка пловат до Лапонија“, која за учениците од основните училишта од општина Кавадарци ќе се игра десет пати поради големиот интерес, и тоа од 17 до 21 декември 2018 од 12 и 13 часот.

Два литературни настани ја очекуваат кавадаречката публика: на 20 декември од 19 часот промоција на првото прозно дело ,,Аранел“ од младиот кавадарчанец Лазар Каров и традиционалното поетско чествување на членовите на Клубот на писатели ,,Тиквешки цветови“ од Кавадарци, на 24 декември од 19 часот. Меѓу другите настани до Нова година би ги издвоиле и новогодишните концерти на најнаградуваното македонско балетско студио „Венус“ од Кавадарци на 25 декември од 18 и 19:30 часот, како и годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници од Кавадарци (ДЛУК) на 28 декември од 19 часот.

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *