“WINTERLAND” ВО СКОПЈЕ!

Божиќно село со 60 куќички за прв пат ќе има на плоштадот Македонија по повод новогодишните празници.

Селото ќе биде од отворен тип и ќе се вика “Winterland”. Тоа ќе бидат куќички украсени новогодишно и во нив ќе може да се продаваат различни услуги. Во рамки на божиќното село ќе има и мала сцена каде што секојдневно ќе има некоја содржина и оваа сцена ќе претходи на големата новогодишна забава што ќе се случи вечерта на дочекот на Новата 2019 година.

– На малата сцена која ке претходи на големата новогодишна забава ке се случуваат секој ден настани во кои ке може да се пронајдат сите скопјани независно од возраста. Ќе има и топ за создавање на вештачки снег кој ќе придонесе за новогодишниот амбиент. Исто така ќе има катчиња за игри за деца. Содржините внатре во селото ке бидат исклучиво од новогодишен и божиќен карактер. На средината ќе биде големата елка, а во нејзиното подножје ќе може граѓаните да седат. Очекувам дека ќе создадеме вистинска европска новогодишна атмосфера вистинска, истакна скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.

Украсувањето на градот според градоначалникот ќе започне уште наредната недела и ќе биде најрано китење досега. За разлика од лани кога парите од прославата беа пренаменети во хуманитарни цели годинава од Град скопје најавуваат дека ќе има забава на плоштад на 31 декември.

 

Прочитајте повеќе на следниот линк

About

You may also like

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *